речник контакт

СДСМ -Година во која ги саниравме последиците од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Вие сте ни ја дале довербата за да ви служиме Вам - кажа општинскиот лидер на СДСМ за Велес, Деан Арсовски

Петар Печков

На прес конференција првите луѓе на Општинската организација на СДСМ од Велес, претседателот Дејан Арсовски, како претседател, пратеникот Панче Иванов и градоначалникот Аце Коцевски,  ја резимираше годината која измина. Потсетија дека локалната власт ја наследиле со долг од 2,8 милиони евра од кои кон ЈКП Дервен бил 1,5 милиони. Додека на државно ниво  долгот изнесувал 6 милијарди денари а многу поголем ако се земат долговите на Јавните претпријатија.  Арсов кој говореше кажа дека приоритет ставиле на санирањето на овие последици, и дека целосно успеале. 

Благодарејќи на домаќинското, одговорно и транспарентно работење на власта предводена до СДСМ на локално ниво успеевме да вратиме најголем дел од долговите. Владата пак со сервисирање на долгот во висина од 50 отсто создаде услови да помогне на општините - изјави Арсовски.   

 Тој ги објави бројките дека Владата исплатила  финансиска поддршка за 250 компании, бројот на невработени прв пат бил  под 200 илјади лица, минималната плата е зголемена на 12 илјади денари, просечната плата во земјава е 24 илјади денари 90 илјади граѓани добивале повисоки плати. Потсети дека нема повеќе драконски казни, дека е воведена опомена пред казнување, глобите биле намалени за 75 отсто, извршителските и нотарските услуги намалени од 50 за 90 отсто.  

 Општина Велес вложи 100 милиони денари во локалната инфраструктура, што е далеку повеќе отколку лани за цела година кога биле вложени 69 милиони денари. Со поддршка на Владата  преку заем од германската Влада ќе се реализира значаен стратешки проект, со кој се предвидува системот за водоснабдување ,,Лисиче,, да обезбедува вода за наводнување на околу шест илјади хектари земјоделска површина,и полнење на езерото Младост со изградба на повеќе хидро-централи - рече Арсовски.  Додаде дека за СДСМ интересот на граѓаните е секогаш на прво место.  

Вие сте ни ја дале довербата за да ви служиме Вам.   Наша должност е да ја оправдаме довербата и ги подобриме условите за живот на сите граѓани - заврши Арсовски.   Тој во има на раководството на партијата на граѓаните им ја честиташе Новата 2019-та година.   

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »