речник контакт

СЕФТЕ !

Валентин Тошев ја доби првата нова регистарска табличка во Велес

Петар Печков

 Околу пладне во Велес беше поделена првата нова  регистарска табличка. Таа е со ознаки VE 0025 AB. Нејзин сопственик е Валентин Тошев и тој ја доби за новорегистраниот автомобил марка мерцедес класа А- 160.

Првите честитки за овој миг кој ќе остане забележан ги доби од вработените од Здружението на возачите од Велес. Тие му ја дале информацијата дека тој е сопственикот на првата нова регистарска табличка за велешко.

Нивната примена започна од понеделникот.  Во Велес започнаа да се делат од денес, четврток. Ќе ги добиваат сопствениците на новорегистрираните автомобили или ако  сопствениците го сменат местото на живеење. Цената е непроменета, како и досега 1.200 денари.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »