речник контакт

Сабота вечер, Лисистрата го отвора Стоби

Турската претстава ќе биде прикажана премиерно, работена е специјално за Фестивалот

Петар Печков

 Во сабота вечер, на античкиот театар повторно ќе играат актерите. Започнува 12-тото издание на  фестивалот Стоби а за отворањето најавена е претставата ,,Лисистрата,, од Аристофан а во режија на  Кемал КОЧАТУРК а во изведба нa Градскиот театар од Истанбул Турција.

Таа ќе биде премиерно прикажана на фестивалот и е подготвена специјално за него. Режисерот Кочатурк кој  досега има четири пати изработено претстави во Македонија, овој пат гостува со проект  од матичната земја.

Оваа сказна стара 2.500 години јасно ја отсликува динамиката помеѓу двата пола и дилемата дали да се живее мирно или да се води војна. Ние ја земавме оваа сказна и и вдишавме живот- авантуристичкиот, забавен свет на Аристофан со модерен пресврт. Оваа модерна адаптација би требало да покаже каде сме во моментов – изјави режисерот  Кочатурк.

Тој напомена дека претставата ја работел премиерно за  Македонија, бидејќи ,,сме блиски пријатели, не поврзуваат многу врски и луѓе,, . Текстот за Лисистрата, која во 12-тото издание на Фестивалот Стоби се игра по шести пат е приказна за Лисистрата која ги повикува сите жени од Атина и им вели дека пронашла начин како да ги натераат мажите да престанат да се тепаат.

Нејзиното решение е во тоа да побара од секоја жена да се воздржи од водење љубов со својот маж. Решението се покажува како многу ефективно и мажите на крајот се откажуваат од борбите а мирот е конечно обезбеден. Во претставата настапуваат 15 актери. Почетокот е во 21 часот а цената на билетот е 50 денари. Автобусите тргнуваат до центар во 20 часот. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »