речник контакт

Саботна акција на трудовата инспекција во Велес

Трудовата инспекција ја затвори познатата велешка дискотека „Даунтаун“ во саботната посета на ноќните клубови од градот.

Петар Печков

Трудовата инспекција ја затвори познатата велешка дискотека „Даунтаун“ во саботната посета на ноќните клубови од градот.

Поради тоа што во текот на контролата биле пронајдени 15 лица со нерегулиран работен статус издадено е решение за времено затварање на објектот а против работодавецот е поднесена прекршочна пријава. 

Забраната е реализирана по завршувањето на концертот на познатата бугарска фолк ѕвезда Преслава која вечерта имала настап во дискотеката.  

Во саботната акција на трудовата инспекција во Велес затворен е и ноќниот клуб „ЦрноБело“ каде што биле регистрирани две лица кои работеле на диво а против сопственикот е поднесена исто прекршочна пријава.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »