речник контакт

Саботна ноќна контрола на полиција и УЈП по угостителските објекти

Од извршени 20 контроли, во шест објекти констатирани прекршоци

Петар Печков

Саботата по полноќ СВР Велес и УЈП органзирале зедничка контрола на угостителскти објекти во Велес. Од 00 до 03 часот биле посетени 20-тина локали во централното градско подрачје.

При тоа биле во шест случаи констатирани прекршувања. Во еден локал после полноќ биле пронајдени двајца  малолетници а во пет случаи УЈП констатирала дека не се издаваат фискални сметки на гостите.

За сите овие шест случаи ќе бидат поднесени соодветени пријави.  Информацијата ја потврди Димитар Каракулев самостоен инспектор за превенција при СВР Велес. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »