речник контакт

Самир Бишевац прв во МХ85 на мото крос патеката во Битола (фото)

Караколев и Ванов четврти, Сугарев петти

Петар Печков

Велешките мотокрос членови на МК Мото Велес,  викендот возеа на  мото крос трка во Битола. Самир Кавасаки Бишевац на мотор Јамаха,  го освои првото место во класата МХ85.

Со оваа победа тој води во севкупниот пласман и од клубот очекуваат титула на крајот од првенството во оваа категорија. Виктор Караколев  во класата МХ2 до 250 кубици го освоил четвртото место, откако  по завршувањето на трката бил трет но со одлука на комисијата му е одземен медалот и третото место.

Во најсилната класа МХ1 учествувале двајца велешани и двајцата дебитанти Драган Ванов кој возејќи на кавасаки го освоил четвртото место додека   Марин Сугарев    го освоил петтото место. Трката се возела по екстремно тешки услови, каллива патека со многу вода.

Од клубот се задоволни со постигнатите резултати, оти велат Велес нема патека и  натпреварувачите немаат можност за квалитетен тренинг.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »