Петар Печков
Објавено: вторник, 21 април 2020
Министерот за здравство Венко Филипче, на попладневната прес конференција кажа дека во самоизолација ќе одат и вработени од големиот продажен објект каде има шест лица позитивни на ковид-19 и од Центарот за јавно здравје од Велес, каде има три лица со корона вирус.
Согласно наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, 15 вработени добиваат решение за самоизолација. Ако оваа компанија може да ја организира работата со останатиот број на вработени, маркетот ќе работи. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на продажниот објект - изјави Филипче.
Во Велес престојувале и инспектори од Скопје и епидемиолози, кои направиле вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот Центар за јавно здравје, каде продолжениот празничен викенд беа пронајдени три здравствени лица позитивни на коронавирусот.
Определена е самоизолација на вработени во зависност колку често имале контакти со заболените. Направена е ротација на кадри и сите одделенија функционираат нормално, вклучително и пунктот за земање брисеви. Се работи за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето во претходниот период - кажа министерот Филипче.
Tweet |