речник контакт

Само 18 месеци затвор за д-р Панче Арсов

Гинекологот д-р Панче Арсов доби зголемување на казната, која му беше изречена откако беше прогласен за виновен за смртта...

Петар Печков

Гинекологот д-р Панче Арсов доби зголемување на казната, која му беше изречена откако беше прогласен за виновен за смртта на родилката Бојанка Игнова.

Постапувајќи по жалбите на двете страни во судскиот процес, Апелациониот суд во Скопје ја зголеми казната за четири месеци, од 14 на 18. Таа е конечна, извршна и правосилна и без право на жалба.  

Претходно во Основниот суд во Велес, судијата Валентин Зафиров го осуди д-р Арсов по кривичното дело тешко дело против здравјето на луѓето, бидејќи постапил несовесно при породувањето на родилката Игнова.

Со тоа докторот беше прв случај во судската пракса во Македонија, лице во бел лекарски мантил, кој доби затворска казна за несовесно постапување  при работата.

Настанот се случи на 3-ти јуни 2003-тата година, по полноќ кога Бојанка Игнова родила машко бебе а подоцна почнала обилно да крвари. Тоа не било спречено навреме поради што неколку часа подоцна таа искрварила до смрт.

Стручните вешти лица констатирале при обдукцијата дека наместо крв, пациентката добивала инфузија од солен раствор а треската докторот се обидел да ја санира со повеќе ќебиња.

Овие обвинувања докторот Арсов ги отфрли и бараше ново супервештачење и при судскиот процес во Основниот суд во Велес  и на Апелација. Тој се бранеше дека смртта е сплет на несреќни околности на кој жртва е Игнова.

И во второстепената постапка Апалеција ги потврдила сите наводи на обвинението и казната на гинекологот му ја зголемила на година и пол престој в затвор.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »