речник контакт

Саниран е кровот на салата Гемџиии

Вредноста е 7 милиони денари, обезбедени од Агенција за млади и спорт

Петар Печков

Саниран е кровот на спортска сала  ,,Гемиџии,,. Овој зафат кој траеше четири месеци, на заминување го најави за завршен, довчерашниот директор  на ЈП Парк спорт, Александар Табаков.  Со ова е решен најголемиот проблем во најзначајниот  спортски објект во градот, а тоа е што  прокиснуваше, при секој дожд.   Прокиснувањето беше присутно без малку од самото пуштање на салата 25 мај во употреба.  

Во  средата заврши најважниот стратешки проект во салата а тоа санација на кровот.  Извршен е технички прием. Навистина сум горд за реализацијата на  овој проект, на оваа активност. Можеше санација да се заврши побргу, но во летото имаше многу виски температури и работата беше отежната.  – рече Табаков.   

Санацијата ја изврши МЗТ  Инженеринг Битола а инвеститорот беше Агенцијата за млади и спорт   со вредност од 7 милиони денари. Вистинска тест за квалитетот на извршената санација ќе  биде првиот дожд. Поради тоа изведувачот побарал да останат најлоните на кровот, за секоја случајност.  Во салата изминати години поставен  е сончев колекторски систем за затоплување на вода, нов бојлер, уредени се соблекувалните.   

Табаков на заминување го  актуализираше  проблемот  со сметките за вода, кон ЈКП Дервен кои  одреден период  не биле плаќани поради проблем со дефект на водоводната инсталација. Истиот бил после водомерот, па ЈП Парк спорт добивал сметки кои за Табаков биле  нереални, со повисока потрошена количина на вода која тие не ја трошеле, туку се губела некаде во системот.  И му порача на новиот в.д директор Гуцев тоа што поскоро да го реши, оти сметката од 160 илјади денари месечно била превисока.   

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »