речник контакт

Сашко Јовановски уметникот најмустаќ на Велес , Игор Јанушев најлош

Забава за завршување на Мовембар

Петар Печков

 Сашко Јовановски  уметникот имаше најдобар мустаќ во Велес во месецот  на движењето Мовембар, додека  Игор Јанушев беше избран за најлош мустаќ.  

Изборот беше на завршната вечер, симпатично наслоена ,,Симпозиум, да го измериме најдолгиот.. .мустаќ во Велес,, која се одржа во ПАБ.  Гласале сите присутни а аплаузот за секој кандидат, бил  мерката за победникот и во двете конкуренции.  

Просторот беше преполн, повеќе од 200 гости и сите со мустаќи, знакот на движењето Мовембар, во  месецот ноември.   

Годинашнава акција ги надмина нашите очекувања. Го раздвиживме духот во градот, кај машката популација.  Имавме голем одѕив, интерес  што радува, многу повеќе млади со мустаќи овој месец. Поделивме 10-тина ваучери за бесплатен преглед во Ремедика. Тие беа продавани на лицитација,  други поделени  на дел од гостите кои испија најмногу пиво. Целосно ја исполнивме целта, да ја подигнеме свеста кај машките за болестите на рак на простата и тестиси - рече Ѓорги Нанов, еден од организаторите на  движењето Мовембар во Велес.

Изминатите денови организаторите пуштија во продажба маички и шолји со логото на движењето, кои експресно се распродале.  Средствата кои се собрани од забавата и продажбата на сувенирите,  дополнително ќе бидат префрлени  на  светското движење ,,Мовембар,, кое се наоѓа на листата на 100-те највлијателни  граѓански здруженија на светот.  

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »