речник контакт

Сведокот Арсов повтори- под закани сведочев дека браќата Ѓорѓиевски се сторители

Оштетениот Ацо Милошевски сведокот и обвинетите меѓусебно се штитат

Петар Печков

Сведокот Златко Арсов, во јавноста познат како ,,Бреза,,  го даде својот исказ во Основниот суд во Велес, за предметот убиството во село Ореше.   Тој остана на неговата  втора изјава, со која негира дека обвинетите се сторители на делото, наспроти првичната  како  заштитен сведок ,,Бреза,,  дека Ордан и Љупчо  Ѓеоргиевски се извршителите.

Тоа што го зборував како ,,Бреза,, не е точно. На тоа ме примораа инспекторите од државна безбедност. Ми дадоа напишан текст пред  да одам кај истражен судија. Тоа се случи во кафеана во Јурумлери. Текстот ми го даде Вељо Арсов. Ми се закануваа дека ќе останам во затвор 10-12 години за разбојништво над селскиот поштар во Богомила, за кое не бев виновен  ама бев осуден  – рече Златко Арсов.  

На прашање од обвинителката Славица Темелковски, сведокот појасни дека се имал слушано со обвинетиот Ѓоре Петревски откако тој му се јавил додека  бил во САД,  а пред да се случи убиството. Подоцна и Златко се јавувал  на Ѓоре но никогаш не разговарал за убиството на  Лазо Милошевски, ниту побарал пари од него. На прашање од бранителот на обвинетите, адвокат Ѕвонко Давидовиќ, дали имал средби  со судија и добивал ли закани, Арсов појасни. 

Со судијата Илија Танев, кој го водеше предметот во судот во Велес, седев  во кафиќ во Скопје во Тафталиџе. Но не се сеќавам на разговорот  - изјави сведокот Арсов.  

Оштетениот Ацо Милошевски, син на убиениот Лазо, рече сведокот ги штити обвинетите.

Евидентно е дека обвинетите и сведокот Арсов  се штитат меѓу себе, нешто кријат. Знам дека мина многу време од убиството но не знам кога се ќе заврши – потенцира Милошески.

Завршните зборови за петтото судење се закажани на почетокот од април.  Убиството на    Лазо Милошевски (71 год)  се случи на 2-ри декември 2005-та, во неговиот  дом во село Ореше, околу 20,40 ч. додека подготвувал вечера. Застрелан е од еден куршум, пукано е од околу 35 метри далечина, од дворот на соседите. Бил пронајден  мртов  утрото од страна  на соседите.

Според обвинението виновници се тројцата обвинети. Ѓоре Петровски како нарачател на убиството за сума од 20 илјади долари и тоа поради одмазда  и како сторители браќата Ордан и Љупчо Горгиевски, кои му се внуци на застреланиот старец. Велешката полиција против нив  поднесе кривична пријава на 4-ти ноември 2008-та. Од тогаш до денес Основниот суд во Велес донесе четири пресуди, три осудителни и една ослободителна. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »