речник контакт

Светот се грижи и за грчките гробишта

Светскиот фонд за споменици има намера да ги вклучи најстарите гробишта во Атина на својата листа на набљудување за да се заложи за нивното зачувување.

Петар Печков

Првите гробишта во Атина умираат со бавна смрт


Првите гробишта во Атина, најстари во грчкиот главен град, се ставени на листата на набљудување на Светскиот фонд за споменици 2012 (СФС), бидејќи многу од нивните мермерни споменици сега се соочуваат со структурна штета. Градоначалникот Јоргос Каминис побара вклучување на листата во обид да привлече внимание и да најде начин да ги поддржи напорите за конзервација.

„Одржувањето е скапа работа ... Тоа е обид во дел од градот да се спасат скулптурите“, рече за SETimes Никос Кокинос, заменик-градоначалник на Атина за Гробиштата и администрацијата.

Формирани со кралски декрет во средината на 1800-те, Првите гробишта на Атина претставуваат последно почивалиште на многу од најистакнатите личности на земјата, вклучително и уметници, државници, актери, но исто така и мирјани од грчката православна, католичка, протестантска и еврејска вера. На гробиштата се наоѓаат и делата на најпознатите грчки скулптори.

Катерина Цатуха, археолог во атинската Дирекција за истражување, ги опишува како најголема „надворешна погребна колекција скулптури“ во земјата, која ги опфаќа скулпторите од 19-тиот и 20-тиот век, како што се Јанулис Халепас, Никос Стергиу, Николаос Георгантис, Михалис Томброс и Ставрос Валасакис, кои биле нарачани за погребна уметност -- статуи, гравури, урни, гробници, надгробни натписи, сакрофази, мавзолеи и портрети во пентелиски мермер и метал. Познатиот атински смог, временските непогоди, времето, но и човечките интервенции го зедоа својот данок кај овие дела, кои имаат очајна потреба за конзервација.

„Местото претставува симбол за многу урбани гробишта низ целиот свет, кои се соочуваат со проблеми во долготрајната заштита и одржување“, рече за SETimes Ерика Аврами, директорка на Истражување и образование во њујоршката ВМФ.

„Ова се важни културни извори, како и витални урбани отворени простори кои може да се реинтегрираат во животот на градот преку напори за конзервација и нови модели на управување“, рече Аврами.  Гробиштата, кои се наоѓаат во центарот на Атина, како и повеќето гробишта од 19-тиот век, биле направени според моделот на Пер Лашес во Париз.

Истите биле најпрво изградени околу капелата Агиос Лазарос во 1840 година. Со зголемување на бројот на гробниците во 1800-тите, несредените проширувања ги лишија гробиштата од романтичното чувство со постари споменици и пошироки простори. Иако ВМФ не дава конкретна програма на дејствување, истиот има за цел да го вклучи местото на листата за набљудување -- двегодишен циклус на застапување -- за да поттикне дијалог и испитување на можностите за соработка.

Познати поединци почиваат на Првите гробишта, како што се Хајнрих Шлиеман, археолог кој ги ископа Троја и Микена; министерката за култура и актерка Мелина Меркури; популарната грчка актерка Алики Вујуклаки; грчкиот писател на ребетика песни Василис Цицанис; премиерот Андреас Папандреу; Нобеловиот лауреат Одисеас Елитис; меѓународно познатиот диригент Димитри Митропулос; револуционерот Григорис Ламбракис и критскиот трубадур Никос Ксилурис.

Минатото лето жителите на областа позната како Мети протестираа поради одлуката на градот за изградба на подземен паркинг во близина на гробиштата.
„Оваа одлука доби зелено светло за време на Аврамопулос [градоначалник на Атина во периодот 1995-2002 година]“, објасни Кокинос.

Жителите бараат општинскиот комитет да го повлече договорот и да ги повлече лиценците, со оглед на историското значење на областа и последиците по животната средина. За време на настанот организиран од градот Атина за информирање на жителите со програмата за реновирање, Каминис рече дека е од суштинска важност „во вакви тешки времиња за градот, да ја искористиме секоја можност. Оваа гаража ќе донесе приходи“.

Првите гробишта на Атина му припаѓаат на Здружението на значајни гробишта и Европскиот пат на гробишта. Плановите за изградба на Музеј на погребна уметност во 2008 година никогаш не се реализирани.

Текстот е преземен од Southeast European Times

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »