речник контакт

Свечена заклетва на ново примените професионални војници, во велешката касарна

Свеченоста беше без гости, како мерка за заштита од ковид-19

Петар Печков

Новопримените професионални војници од последниот конкурс, со преземање на сите потребни превентивни мерки за заштита од ковид-19  дадоа заклетва на денешната свеченост која се одржа во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес.

Во наредниот период новопримените професионални војници ќе се соочат со совладување на предвидените содржини на основната борбена обука како и основната стручно специјалистичка обука кои ќе се реализираат во Центарот за индивидуална обука.

На свеченоста присуствуваше командантот на Командата за обука и доктрини. бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и началникот на штаб од Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Во своето обраќање командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Виктор Еркиќ истакна дека главниот предизвик во наредниот период ќе биде совладување на предвидената обука и дека со нив ќе работат искусни старешини кои максимално ќе се заложат за да им ги пренесат своите знаења и им посочи дека целокупниот труд, успех и ангажирање ќе биде следен и вреднуван.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »