речник контакт

Свечена заклетва на 29-тата генерација војници доброволци (фото)

68 доброволци, меѓу нив пет девојки следните три месеци ќе престојуваат во велешката касарна

Петар Печков

Игор Цоцовски од Берово  беше еден од 68-мината  војници доброволци кои денес дадоа свечена заклетва во редовите на АРМ.  Нему овој голем и свечен чин, освен родителите и најблиските му го честиташе и тригодишната сестричка Теодора. Гушкањето и честитките од девојчето беа искрени  и топли и никого не оставија рамнодушен од присутните во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,.  

 Служењето војска го сметам за долг кон татковината кој треба д се отслужи – рече кратко Игор пред да се врати во стројот.   На сите војници свечената заклетва им ја честиташе Заменик министерот за одбрана, Беким Максути.

Да се биде дел од Армијата на Република Македонија е чест и гордост не само за Вас војниците туку и за Вашите родители, за Вашите семејства, за секој граѓанин. Со заклетвата, Вие се обврзавте да го чувате и браните уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитет на државата и да му служите на народот“ – истакна заменик министерот Максути. Тој  додаде дека е особено горд што меѓу денешните војници има припадници од сите етнички заедници и припаднички од понежниот пол, што претставува видлив доказ дека воената професија станува сè поатрактивна, а воедно со тоа се унапредува етничката и родовата еднаквост. Меѓу 68-те војници, пет се и девојки. Една од нив е беровчанката Валентина Попочовска.

  Се пријавив оти имам голема желба  да бидам во униформа. Денес ми се исполни застанав како војник. По завршувањето ан факултетот планирам да се вработам во Армијата – рече Валентина, која студира протетика а завршила средно  за забен техничар.  

Се пријавив оти сакам да продолжам натаму, како професионален војник. Како мал мојата желба беше да станам војник. Се восхитував на редот и дисциплината која владее во армијата – рече Тони Кузмановски од Кратово, кој е завршен електро –техничар а студира Правен факултет во Скопје.  

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »