речник контакт

Свечено отворање на спортската сала 25 мај на 12 јуни 1982

И тоа со одбојка пред 4 илјади гледачи

Петар Печков

Спортската сала  е свечено пуштена на 12 јуни 1982-та година (сабота) . Тогаш била со име 25 мај. На овој свечен момент имало околу 4 илјади гледачи .За оваа пригода биле пуштени и подвижните седишта.  Тие за оваа пригода  го следеле одбојкарскиот натпревар помеѓу велешки Борец, тогаш член на Првата Југословенска лига и скопски Работнички, исто така член на ова друштво. За отворањето бил организиран турнир на кој учествувале и скопски Вардар и полската екипа Авиа. 

Борец во таа сезона, кога одбојката беше спорт број еден во градот настапуваше во следниот состав: Ѓоре Арсов, Љупчо Настов, Љупчо Гинов, Зоран Гинов,  Ацо Јолевски, Саздо Ботарев, Душан Анѓушев, Сашко Анастасов, Ристе Трајковски, Пецо  Димитриевски.. Тренер  Димитар  Циев кој  по овој турнир се збогуваше со тренерската професија.  Претседател бил Панче Аврамов а секретар Владо Диневски. Извор  книга   50 години одбојка во Велес

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »