речник контакт

Св Андреја 13 декември

Свети Андреј Првоповикан е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос,овој ден кај народот е позната како студен Андреја

Петар Печков

Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Тој е син на Јонин и брат на Свети Петар. Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да стане апостол, Андреј бил ученик на Јован Крстител. Но според Евангелието на Јован, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан.

Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него. Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух. Во своето верување во Исус Христос, го повикува и братот си Свети Петар. Својата вера ја проповедал во Мала Азија, Грузија и Скитија поради кое се сметан за покровител на Романија и Русија. На Пелопонез во градот Патрас излечил многу болни и многу придобил за христијанската вера.

Дури ги придобил и братот и снаата на градоначалникот поради што овој наредил да биде распнат на крст но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи 70-годишниот Свети апостол Андреј се мачел пред да испушти душа.

За време на владеењето на цар Константин I Велики неговото тело е пренесено од Патрас во Цариград и е поставено во црквата на Светите Апостоли. Подоцна главата му е пренесена во Рим каде што и денес со многу почести се чува во црквата Св. Петар.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »