речник контакт

Св. пророк Еремија 14 мај

Еремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи.

Петар Печков

 Иако и на други пролетни празници се изведуват обичаи за заштита од вакви штетници се чини дека тоа најповеќе се прави вечерта спроти Еремија. Во песните што се исполнуваат со овие обичаи   Еремија е претставен како митски јунак. Тоа пак, од друга страна, значи дека иако во основата на овој празник е споменот на светиот пророк од Стариот завет - Еремија, обичаите и верувањата водат потекло од најдалечното минато на човекот.

Светиот пророк Еремија живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед.

Во времето кога живеел пророкот Еремија моралот на Евреите бил паднат на многу ниско ниво. Зело замав идолопоклонството, се појавиле многу лажни пророци кои погрешно го насочувале народот, а тој пак  ним им верувал повеќе отколку на Еремија и другите вистински пророци. Гледајќи што се случува Еремија претскажал дека ако народот не се откаже од таквите пороци ќе го стигне божјата казна.

На Евреите им  претскажал 70 годишно ропство под Вавилон. И навистина  вавилонскиот цар Навукодоносор набргу го нападнал Ерусалим, го разурнал и го покорил, а многу народ зел во ропство. Меѓу оние што го оплакувале разурнатиот Ерусалим бил и светиот пророк Еремија и така настанала „Книга плач Еремиин”. Светиот пророк Еремија претскажал дека кога ќе се роди Исус многу деца ќе настрадаат. Седумдесет години еврејскиот народ се наоѓал под вавилонско ропство, како божја казна за тоа што се огрешил кон Бога и кон неговите заповеди.

Еремија бил протеран во градот Мисир, во Египет, каде што останал  4 години. Најпосле бил каменуван од своите сонародници и така во овој град го завршил животот. Преданието раскажува дека Александар Македонски за време на својот поход ги пренесол неговите мошти во  Александрија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »