речник контакт

Седумдесетина велосипедисти возеа на „Велес мтб 2020“ (фото)

Традицијата остана иако времето не беше на страната на учесниците

Петар Печков

 
Седумдесетина  велосипедисти беа учесници на седмата маунтинбајк „Велес 2020 тура“, која се одржа вчера во неделата, во организација на Здружението на граѓани Велес бајкинг.

Се тргна од плоштадот Сармаале, се возеше по дождливо време, по селата во блиското опкружување, околу езеро Младост.  Оваа манифестација, која претходните години беше дел од Питијадата, а кога годинава неа ја нема, сепак се возеше по истата траса како претходно.

Оваа 2020 година, сосема скромно, согласно сите Протоколи за организација на настани на отворено, се потрудивме да ја одржиме 7-годишната традиција. Се надеваме дека успеавме во тоа - велат од организаторот ЗГ Велес бајкинг.

фото ЗГ Велес бајкинг

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »