речник контакт

Седумнаесет земјоделци од велешко годинава ќе работата по систем капка по капка

Високите приноси предизвиквуваат интерес кај земјодлеците за овој грант

Петар Печков

 17-тина хектари земјоделско земјиште во велешко  годинава ќе се одгледува по современ систем капка по капка. Исто толку земјоделци 17-тина потпишаа договор   со УСАИД и швајцарската амбасада со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. На овој начин им се  обезбедуваат систем за наводнување  во вредност од 2500 евра кој ќе биде поставен на еден хектар.

 Од досегашното искуство, имам добри резултати, висок принос, што беше причина некои мои познати, пријатели да конкурираат и да добијат ваков грант - изјави  Адил Фијуљанин земјоделец од општина Градско.

Високите проноси кои претходнтеи години ги добија земјоделците, бешепричина годинава да има поголем интерес за добивање на  овој грант.

Новина е што годинава освен пченка, системи се инсталираат и за наводнување на површини каде  е засаден сончогледот. Така оваа индустриска култура сака да се врати по македонските полиња. Но освен што се зголемуваат приносите на одделни култури, се развива и сточарството. Затоа сите што аплицираа беше потребно да имаат и најмалку пет крави. Оваа бројка од 17 земјодлеци се однесува на општините Велес, Градско, Лозово и  Чашка.  До сега, во изминатите две години  во Македонија се донирани 120 системи за наводнување.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »