речник контакт

Седум години за разбојништво во продавница во Гевгелија

Од продавачката со закана со нож одзел 36 илјади денари

Петар Печков

Дејан Павловиќ (42 год) од Гевгелија доби седум години затвор за разбојништво кое го стори лани во продавница во овој град.  Во Основен суд Велес тој беше прогласен за виновен за настанот кој се случи минатата година на 22 март.

Според обвинението Павловиќ со употреба на закана и опасно орудие-нож дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на продавачката  М. В.од Гевгелија  одзел пари во износ од 36.000  денари. Откако  откако влегол во продавницата цо 23,56 ч., облечен со црна кожна јакна, на рацете носел црни ракавици а на главата темна капа и во рацете држел нож со должина од околу 30 цм.со изразено дебела рачка сребрена боја, се доближил до оштетената и се обратил со зборовите на гевгелиски дијалект:„отвори касата, ваѓи парите и да не си мрднала, да не си писнала“.

Таа исплашена од заканата која и ја упатил, ја отворила касата и почнала да му дава од парите од дневниот пазар, во износ од 36.000 денари, по што Павловиќ се дал во бегство.  Продавачката пријавила во полиција и според нејзиното објаснување за сторителот, набргу бил уапсен.

Од страна на оштетената  таа го знаела од порано, како муштерија а го препознала во полициска станица помеѓу шестмината лица, поради специфичните очи, бојата на гласот. Павловиќ тврдел дека во критичната вечер бил дома, но според локацијата на телефонскиот повик, тој не бил дома.

Обвинетиот  останува во притвор се до правосилноста на пресудата.  Тој има одлежано затвор за повеќе  кривични дела против имотот на казни кои казни ги издржал, во тек е постапка за две кривични дела пред Основен суд Гевгелија, и тоа за кривично дело Одземање моторно возило и за кривично и  за тешка кражба. Обвинетиот Павловиќ е зависник од наркотици. Пресудата не е правосилна. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »