речник контакт

Седум претстави во конкуренција за годинешниот фестивал на античка драма ,,Стоби,,

Почнува на 8-ми септември со концертот на Тони Китанвоски трио

Петар Печков

Четиринаесеттото издание  на фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ќе донесе рекордни осум претстави,  од кои три се од странство.  Театарскиот фестивал на кој ќе  бидат прикажани дела работени по мотиви на античките трагедии ќе се одржи од 8-ми до 22-ри  септември. Ова го најави организаторот на прес конференција.  Годинава поради реконструкцијата на античкиот татар во локалитетот Стоби, фестивалот ќе се одржи за прв пат во затворено, во зградата на новиот велешки театар.   

Имаме седум претстави во конкуренција, една вон конкуренција  е на затворањето во чест на добитниците.  По подолго време на фестивалот ќе имаме и премиера, специјално подготвена за  оваа пригода.  Новина е што организираме и трибина, која ќе биде токму за античките претстави ,,насловена,, Античка плоча, нови искуства,, . Или имаме голем избор на претстави кои очекуваме дека ќе ги задоволат критериумите на публиката. Темите и приказните на претставите  се добро познати на публиката, играни се многу пати,  така што останува да ги видиме актерите  и режисерите, што тие сработиле   - најави Зоран Љутков  претседател на Здружението на граѓани  ,,Фестивал на античка драма ,,Стоби,, кој е организатор на Фестивалот.

Отворањето на годинешното издание е со концерт на Тони Китановски трио  на 8-ми септември во 20 часот додека првата претстава е закажана за 22 часот и тоа ,,,Антигона,, на Истанбулскиот театар и Универзитет Ц.В. Наредните денови најавени се претставите ,,Античка крв,, на Роес денс компани,,  од Грција кои по втор пат доаѓаат во Велес, па ,,Електра,, на Театар Александар Моисиу,, од Албанија.

Тоа се трите странски гостувања додека до крајот на Фестивалот ќе бидат прикажани претставите на македонските татари ,,Прометеј,,на  Дејан Пројковски во изведба на Турски театар од Скопје,  ,,Лисистрата,, на Наташа Поплавска и Театар Комедија,, па ,,Електра,,  на МНТ во режија на Андреј Жолдак и  премиерата на ,,Федра на велешки театар. Тоа е копродукција на Тетарот  ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, од Велес и  Словенско Младинско Гледалишче, во режија на Александар Ивановски. Свеченото доделување на наградите   ,,Антигона,, за најдобра претстава во целина, за режија, за машка и женска улога, се предвидени за 22-ри септември кога во чест на добитниците ќе биде изведена претстава ,,Кралот Иби,, продукција на велешки театар.    

Сите претстави се своевиден спектакл.  Така грчката претстава  имаше премиера пред недела дена на островот   св. Ахил во Преспа. Претставата на гостеие од Истанбул е со четири хероини,Антигона, Агава, Клитемнестра и Електра што два посебност  Годинава имаме дислокација и привремено просторно решение, со цел фестивалот да се одржи. За таа цел имаме и побогата програма.  На фестивалот враќаме една заборавена варијанта, округла маса. Неа ја имаше на некои домашни фестивали, но исчезна.   Оваа форма на разговори сакаме да ја вратиме назад, за почеток со една трибина.  Годинава ќе биде на тема современи аспекти на античкиот театар а ќе учествуваат драматурзи, режисери,актери, професори, критичари - најави Љутков.  

Цената на билетот  за претстава е 100 денари и тие се веќе пуштени во продажба. Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Велес и Министерството за Култура. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »