речник контакт

Седум претстави на годинашниот фестивал Стоби

За прв пат на фестивалот копродукција и ексклузивно гостување на Истарско народно казалиште од Пула. Гостување на театри од БиХ, Србија, Турција и Македонија

Петар Печков

  Седум претстави ќе види публиката на годинашниот фестивал на античка драма ,,Стоби 2011,, кој од 15-ти до 30-ти јуни ќе се одржи во амфитеатарот од античкиот локалитет Стоби. Театри од пет земји, Србија, БиХ, Турција, Хрватска и Македонија ќе се претстават , со четири странски и три  домашни изведби.

Ветивме дека на фестивалот ќе имаме поголема продукција и повеќе странски претстави, што го реализиравме. Годинава имаме солидна бројка од седум претстави во натпреварувачка конкуренција, максимално што ни овозможува терминот од две седмици. Ова е јубилејно десетто издание, што е значајно за целокупната македонска, не само културна,  јавност. Фестивалот е значаен и за Балканот, бидејќи е единствен од тој вид, кој  негува  античка драма. Може да се пофалиме дека годинава имаме фестивалска премиера , копродукција на ,,Стоби,, и Драмски од Скопје,  како и ексклузивно гостување на гости од Хрватска кои подоцна ќе настапат и  на Охридско лето – изјави Зоран Љутков  извршен директор на фестивалот.

На отворањето петок ќе се претстават  гостите од Ужице со ,,Лисистрата,, , на 18-ти јули следи Театарот Кабаре од Тузла со ,,Енеида,,,  на 20-ти јули е ,,Геноцид 28,, на Драмски театар од Скопје а на 22 –ти јули е ,,Метаморфозис,, на Охридскиот театар. 

На програмата  на 24 јули е претставата ,,Медеа,,  независна продукција од Турција, за 27 јули е најавена  фестивалската премиера на ,,Креолит,, копродукција на Драмски театар, ,,Суп-продукција,, независна продуцентска куќа  од Скопје и Фестивал Стоби, за 29-ти јули е ,,Електра,, на Истарско народно казалиште од Пула а на 30-ти јули е затворањето на фестивалот со претставата ,,Последните Македонци,, на Драмски театар од Скопје.

Наградите  ,,Антигона,, за најдобра претстава, за машка и женска улога ќе ги доделува жирито со кое ќе претседава   Марушка Гејмаер Облак членка на Словенско Младинско гледалишче, заедно со Бедија Беговска и Братислав Димитров.

За јубилејот на фестивалот, 10 години постоење се подготвува документарец, кој ќе биде премиерно прикажан на отворањето петок вечер. Организатор на фестивалот е граѓанското здружение ,,Фестивал на античка драма - Стоби ,,а финансиски помогнато од општина Велес  со еден милион денари, Министерството за  култура со 700 илјади и винаријата ,,Стоби,, со 600 илјади денари.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »