речник контакт

Секое чудо за три дена, интересот за куќните совети опаѓа

Во Велес регистрирани 43 куќни совети а интересот за натамошна регистрација е се помал

Петар Печков

43 велешки згради во Централниот регистар  ги озакониле куќните совети. Тоа е далеку од бројката од околу триста влезови со осум и повеќе станови,  колку што се очекува дека во градот постојат и треба да се регистрираат.

Откако во законскиот рок, до 13 август беа регистрирани само 13 куќни совети, по оовј период имаше навалица и беа регистрирани уште 20-тина нови, за да во последните седмици интересот опаѓа, деновиве скоро и да немало поднесени нови пријави. Ова посебно откако беше избришанка казната од 300 евра за станар доколку не се регистриран заедница.

Според законот за домување, станарите на една зграда можат да изберат или Претседател или Управител на зградата кој е должен да се грижи за нејзино одржување и за распределување на буџетот.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »