речник контакт

Секоја недела велешани масовно на грчките плажи

Повеќе од 350 велешани се капат во Егеј преку викенд

Петар Печков

Шест дена работи, седмиот посвети го на себе и одмори. И така раководејќи се од ова, дел од велешани секоја недела заминуваат на еднодневно капење на Егејот. Едни во Паралија, други во беа  Неа Каликратиа, во соседна Грција.  За  ниски цени, тие си овозможуваат да се одморат и релаксираат, во солените води на Егејското море.

Има голем интерес кај велешани за еднодневна посета на Паралија. Престојот таму е околу 8 часа, во зависност од состојбата на граница. Се тргнува од 5 од Велес, таму се стигнува околу 9 и се до 6 по македонско време, кога е враќањето, гостите имаат можност да се одморат.  Има голем интерес за  оваа понуда, која ја користат повеќето млади – велат од ТА мартин Турс.

Таа ги води до Паралија за 650 денари а има и понуда за Неа Каликратиа со платен превоз кој чини 700 денари.   Двете понуди секоја недела носат  заедно по 6 до 7 полни автобуси од Велес до Грција. Сите се задоволни од престојот и можноста да се одморат.

Убаво е барем еден ден да се замине на море. Превозот е евтин, таму со еден пијалак на плажа и едно гиро може да се мине цел ден. Носиме од дома нешто за освежување , тоа е доволно. Нес кафе е три евра, гиро 2,2 евра и како купиме нешто од продавниците се за 1 или 2 евра.  Тоа е целиот трошок – велат велешани кои се решаваат да заминат за Паралија.

Чувството е прекрасно да се капеш во море а подалеку да се  гледа Олимп, домот на боговите. Повеќето од посетителите се млади, во друштво кои се решаваат за оваа опција. Или млади брачни парови со мали деца.    

Можеме да си дозволиме да заминеме вака на еден ден фамилијарно. Така ќе биде уште еднаш летово, наместо до Охрид или Преспа и Дојран, сепак море е море. Блуски си за 4-5 часа, можеме евтино да минеме, а децата да се бањаат во солена вода – вели млад брачен пар.

Доаѓаме секој викенд друштво,  се бањаме, играме карти, се забавуваме.  Ќе прошетаме низ гратчето, ќе видиме што има, ќе каснеме и времето дошло за одење.  Ова е добра работа и затоа има голем интерес кај велешани – зборуваат  помладите сограѓани. Така ова лето хит дестинација за дел до велешани, еден дел до неделата се грчките плажи Паралија и Неа Каликратиа.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »