речник контакт

Селото Иванковци е рекордер по добиените европски пари за развој на земјоделието

Жителите на селото се горди што двајца нивни соселани добија средства од ИПАРД кредитот, 20 други лица добија современи земјоделски машини а шестмина се со сертификат за органско производство.

Петар Печков

 Жителите на селото се горди што двајца нивни соселани добија средства од ИПАРД кредитот, 20 други лица добија современи земјоделски машини а шестмина се со сертификат за органско производство. 

Тоа за триста семејства и илјади жители е голема бројка, но и голем потенцијал за развој и напредок. Браќата Спасовски  од селото Иванковци  се двајца од многуте кандидати кои ја минаа тешката и строга програма за да го добијат ИПАРД кредитот. Тие ќе одгледуваат лозје на 12 хектари површина со помош на системот капка по капка.

Оваа финансиска помош е добре дојдена бидејќи ќе можам да добивам поголем принос од површините со лозје. Тоа пак значи и поголем профит, но и полесен пласман на грозјето. Очекувам подобро утре за мене и моето семејство – вели Боби Спасовски кој има  3,5 хектари под лозови насади.

Со ова програма и поливањето на површини по систем капка по капка, планира дека ќе има поголем принос и за 20 отсто во однос на досегашниот род. Тој и неговиот брат можат да се пофалат дека влегоа во 28-те лица во Македонија кои добија зелено светло за реализација на ИПАРД кредитот, со  кој половината од вложената инвестицијата се плаќа со пари од ЕУ. Слична ситуација е со  поделбата и на земјоделската механизација со која во селото завршија 20 трактори  преку програмата за рурален развој.

Конкурирав и добив трактор за  обработка на лозјата. Тој е специфичен и затоа ми е добредојден, сега наместо рачно ќе можам да го чистам плевелот со механизација. Со  тоа побргу  и поефикасно ќе ја завршам работата – вели земјоделец кој доби еден од дваесетте индиски трактори ТАФЕ вредни по седум илјади евра а тие ќе го платат со попуст помеѓу 50 до 60 отсто.

Ова е од голема помош за жителите на селото Иванковци, кои годинава под закуп земаа илјада хектари државно земјиште. Ваквата финансиска инјекција е неопходна за да се обработи земјиштето, истото да даде добар принос а земјоделците да имаат  за живеачка. За поголем интерес кон нивните продукти, дел од нив се решија да работат со органско производство и шестмина индивидуални земјоделци се здобија со сертификат за органски производители во преод, четворица се за житни култури а двајца за овчарство. Нивните производи се барани  и со повисока цена на пазарот, згора на тоа добиваат и повисоки субвенции.

Селото Ивнковци може да се пофали дека преку разни проекти има добиено голема финансиска помош.   Разбирлив е интересот на земјоделците бидејќи имаат многу површини под закуп, која треба да се обработува а индивидуалните земјоделци ако работат самостојно се со ограничени можност. Затоа преку вакви проекти ја следат современата технологија со пари од државата и ЕУ – изјави Тони Тасков раководител на ПЕ на Агенцијата  за поттикнување на развојот на земјоделието.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »