речник контакт

Семејно насилство во Башино село

Башиноселецот Д.Ј.(24 год) е осомничен од велешката полиција за семејно насилство над сопругата поради што му поднесе кривична пријава за телесна повреда.

Петар Печков

 Малтретирање започнало од почетокот на годинава  кога Д.Ј почнал да ја навредува и физички ја напаѓа сопругата К.Ј (21 год), упатувајќи и притоа закани дека ќе ја убие и ќе и го уништи животот.  По една семејна кавга истиот ја удирал со клоци по телото и главата во ѕид, ја заклучил влезната врата за оштетената да не може да избега, и го скршил телефонот и продолжил физички да ја малтретира. Сопругата се обидела да избега преку прозорот но пријавениот ја фатил и почнал да ја дави по вратот. По извесно време К.Ј. успеала да најде клуч, отклучила и избегала кај соседите од каде што повикала полиција.

По настанот оштетената го напуштила домот и отишла да живее кај нејзини роднини. По интервенција на Центар за социјални работи Велес детето е дадено на мајката, но пријавениот продолжил со навреди кон сопругата, заканувајќи и се дека ќе  ја нападне а детето ќе остане без родители. Поради силните закани оштетената долго време се плашела  малтретирањето да го пријави во полиција поради страв од последиците и реакцијата, кога ќе биде повикан во полиција и во суд, при што сметала дека ќе биде загрозен нејзиниот живот.

Но не можејќи  повеќе да ги издржи притисокот собрала храброст и случајот го пријавила во СВР Велес, кој му поднесе кривична пријава за телесна повреда.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »