Петар Печков
Објавено: четврток, 28 ноември 2024
Во медиотеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ се одржа работен семинар за напредно уредување на Википедија. На него посетители беа велешани, членови на википедија а предавањата ги одржуваа стручни лица.
„Посетителите се веќе претходно обучени да работат на Википедија. Сега покажуваме поспецифични работи. Има интерес во Велес, има и ученици кои се членови. Има и група на сениори кои работат. Во однос на веродостојноста на текстовите, тие најчесто се преведуваат од англиски, кои се проверни. Гледаме дали преводот е добро направен и тие текстови, статии ги одобруваме. Ако се пишува нова статија, мора да содржи наводи, односи референци , од каде се земени тие податоци. Дали од портал, весник, списание, ако е тоа проверено и точно и значајно за една енциклопедија ќе биде одборено и ќе остане трајно“ - кажа Снежана Штрковска, извршен директор на Здружението на граѓани Викимедија МКД.
Tweet |