речник контакт

Се вратија

Со доаѓањето на пролeтта, повторно е узурпиран просторoт кај Мало мовче,а грдата слика, изметот и смрдета се секојдневие

Петар Печков

Станарите од комплекс Чешел посочуваат на старата слика од минатата година, кога простороот под Мало мовче беше присвоен и стана дом, живеалиште. Така и годинава, со топлото време се вратија номадите. Тие поставија врата а нивните коњи се по околината. Жителите од Чешелот посочуваат дека изметот од коњите е по Мало мовче а грдата слика од центарот за жал стана секојдневие.

Иако миантата година реагирале, никој не презел никакви мерки. Единстено за стартот на регата Гемиџии, полицијата ги отселила овие лица, кои по неколку дена се вратиле. Тие сега се прашуваат кој ќе застане на пат на ваквата лоша слика, на смрдеата која се шири од таму. Потсетуваат дека тука има повеќе прекршоци, но се во дилема има ли некој надлежен кој ќе го реши овој проболем, за истиот да не трае до октомври.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »