речник контакт

Се гради водоснабдителниот систем во Индустриска зона Мамутчево

ИЗ Мамутчево се простира на 44 хектари на кои има десет парцели од кои три веќе се продадени

Петар Печков

Се гради водоснабдителниот  систем во индустриската зона Мамутчево. Денес на местото на градбата беа  министерот за локална самоуправа, Горан Милевски  и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.  Тие остварија увид во градежните работи на резервоарот за водоснабдителниот систем за Индустриската зона „Мамутчево”. Според договорот за изведување, предвидено е проектот да биде поделен во две фази. 

Со подобрување на водоснабдителниот систем и со поддршката која ја дава Министерството за локална самоуправа ќе се овозможи поголем поттик за инвеститорите да инвестираат во оваа Индустриска зона - истакна Милевски, новоизбраниот министер за локална самоуправа.

ИЗ Мамутчево се простира на 44 хектари. на кои има десет парцели од кои три веќе се продадени.

Верувам дека во наредниот период многу домашни и странски инвеститори ќе ја препознаат оваа Индустриска зона како добра дестинација и инвестирање и со тоа ќе се забрза економскиот развој во земјата -  кажа градоначалникот Коцевски.

Од изведувачот  фирмата „Делта пром“ информираат дека цевководот за водоснабдување треба да биде готов до крајот на месецов, по што ќе се премине на втората фаза, односно на изградба на цевководот.

Првата фаза е веќе во тек, а вкупните финансиски средства изнесуваат  8,7 милиони  денари, од кои преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа се обезбедени 6 ,9 денари, додека пак Општина Велес од сопствени средства учествува со 1,75 милиони  денари.

Втората фаза од проектот  предвидува поврзување на Индустриската зона „Мамутчево” со резервоарот и со тоа водоснабдителниот систем ќе биде комплетно завршен. Вкупниот буџет за втората фаза изнесува 12.6 милиони  денари. Преку министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој се обезбедени  7,1 милиони  денари,  а Општина Велес  учествува со сопствени средства во износ од 5,5 милиони  денари.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »