речник контакт

Се изгради паркинг простор на левата страна на градот

На овие две места има место за околу стотина автомобили

Петар Печков

Локалната власт ги искористи убавите денови од оваа седмица и ударнички изгради два паркинг простори на левата страна од Велес, во близина на пазариште. Првиот е зад работничкиот Универзитет Благоја Страчковски со капацитет од 50-тина коли а вториот е кај Стар мост, исто со 50-тина паркинг места. Изведувач на работите беше Урбан Инвест од Кавадарци.

Со овие две локации донекаде ќе се намали навалицата и гужвата, пред се во пазарните денови, од левата страна на градот. Досега во Велес постоеја четири поголеми паркинзи со капаците од околу 400 возила, и еден од најголемите проблеми  за возачите, да се најде слободен  паркинг простор.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »