речник контакт

Се модернизира Градската депонија

Се постави сончев колекторски систем за производство на електрична енергија, се доби на подарок преса за правење бали од пластични шишиња и хартија

Петар Печков

Градската депонија, каде се депонира сметот од општината, се опреми со  фотоволтен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на депонијата. По воспоставувањето на системот за секундарна селекција на отпад од пакување, се јавила  потреба од дополнително количество на електрична енергија.

Таа  досега се обезбедувала од дизел агрегат, што  не било доволно за планираните активности на депонијата. Ј КП Дервен и општината заеднички потрошиле околу 10.000 евра за набавка и монтажа на 24 панели за фотонапонска сончева централа. На овој начин ќе се осветли депонијата во вечерните часови.

Економски најефикасно и еколошки најприфатливо решение се покажа поставување на изолиран фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на депонијата.  Очекуваното производство на електрична енергија од целиот систем е 9MWh/годишно, бидејќи локацијата припаѓа во подрачје со зголемено траење на сончевото зрачење со 280 денови во годината - велат надлежните.  Вредноста на оваа опрема е 580 илјади  ден без ДДВ.

 Деновиве Пакомак“ ДОО Скопје донираше на Општина Велес хидраулична преса за правење бали од селектиран отпад која ќе помогнат на системот и олеснување на работата околу неговото  складирање и транспорт. 

Шишињата и хартијата која ја имаме на депонијата ќе ги пресоваме, а потоа и ќе ги продаваме на овластените откупувачи кои се регистрирани во државата -  рече Фиданчо Цековски директор на ЈКП Дервен

Изминатиот период се изврши комплетно оградување на депонијата и поставување на систем за перење на возилата кои го транспортираат и одложуваат отпадот.

Се најавува до крајот на месецот на депонијата да биде поставено депо за складирање на отпад од електрична  електронска опрема, отпадни батерии и акумулатори, опасен отпад.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »