речник контакт

Се обновуваат спомен куќите во историското Горно Врановци

Во пресрет на празникот 11-ти Октомври се вршат неопходните поправи на одделени делови од четирите спомен куќи, кои времето и годините ги оштетиле

Петар Печков

Се обновуваат спомен куќите во историското Горно Врановци, каде се наоѓа  комплексот на  Меморијалниот музеј. Во пресрет на празникот 11-ти Октомври се вршат неопходните поправи на одделени делови од четирите спомен куќи, кои времето и годините  ги оштетиле.    Музеите на Президумот на АСНОМ, на  ЦК на КПМ,  на   Главниот штаб  на НОБ и  Печатницата Гоце Делчев  се санираат, со средства добиени од Министерството за култура а по проект на Народниот музеј од Велес. 

Пристапивме кон санација на оштетените делови од  четирите  спомен куќите а по  недостатоци кои ги констатиравме пролетва. Разбирливо што по десет години се врши обнова на оштетените делови од куќите, оти временските услови  направиле одредени проблеми – вели  Марин Клифов раководител  на Меморијалниот  музејски комплекс во село Горно Врановци.

Ѕидарско -молерските работи треба да завршат до 10-ти октомври.  Во овој период се врши   замена на  искршени  прозорски стакла, санација на влезните порти, оградните ѕидови околу куќите,   фарбање на дограмата- прозорите и вратите, како и  заштита на дрвената маса по фасадите и внатре во куќите.

Се работи на четирите куќи музеи кои се сопственост на Народниот музеј од Велес, додека спомен куќата на ОЗНА која е во сопственост на МВР не е опфатена со оваа санација.  

Од средината  на септември до крајот на ноември  1944 во Горно Врановци, каде била слободна територија,  престојувало највисокото  раководно тело, работела Владата – Президумиот  на  тогаш веќе оформената држава  Демократска Федерална Македонија и тука биле донесени повеќе  законски акти.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »