Петар Печков
Објавено: четврток, 08 февруари 2024
Синот кој ги малтретирал татко си и мајка си и психички и физички, завршил на лекување во Скопје, во соодветна психијатриска болница. Деталите од информацијата на СВР.
„На 07 февруари во 12.30 часот во СВР Велес, 72-годишен маж и 70-годишна жена од Велес пријавиле дека подолг временски период биле физички и психички малтретирани од нивниот син Д.Н.(41 год) од Велес. За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по издадено решение од Основен суд Велес Д.Н. е однесен во здравствена установа на задолжително лекување“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Ова е трет случај за десетина дена. Претходно ќерка на сограѓанин, која малтретирала деца по улица, заврши на лекување во Скопје во психијатриска болница. Понеделникот пак 74-годишник од Велес пријавил дека во семејниот дом, неговата ќерка Л.Г.(51 год) му упатувала закани и го малтретирала. Тој повикал Итна медицинска помош и неговата ќерка била однесена нервното одделение од Велешка болница, каде била задржана.
Лани во 2023 имало три случаи кога по семејно насилство, сторителите биле упатени на психијатриско лекување во Скопје.
| Tweet |




