речник контакт

Се подготвува кралот Лир од Шекспир на велешката сцена

Светската класика на велешката театарска сцена. Шекспир повторно во Велес по 52 години

Петар Печков

Започнаа подготовките за последната овогодишна премиера во велешкиот театар. Се поставува големото дело на Шекспир ,,Кралот Лир,,.  Режијата е на Звездана Ангеловска,  втора соработка по Онегин на Пушкин од пред две години.  Во претставата е вклучен е целокупниот ансамбл, заедно со младите актери неодамна вработени.

Ова е исклучително  големо обемно  комплексно дело, предизвик што  сакам да го работам. Шекспир е тежок  за работа, затоа што е  говорење во стих. Ова е современа претстава која не само велешката туку и македонската публика ќе ја види,  и ќе  комуницира со неа. Темата е комплексна и соодветствува со времето со кое живееме. Нема да биде во преден план  историско политичкиот контекст,  се занимавам со човечките судбини на едно семејство, поделбата на неговото богатство и наследство на  младата генерација. Тие меѓу човечки односи татко син, татко ќерка, односите меѓу татко деца,  кои ги  има   во се грчки митови од каде Шекспир црпи мотиви. Тоа се сурови теми, кои не се,менуваат во ниту едно време, тие кодови се длабоко вкоренети пред многу, многу генерации и пред времето на  Шекспир – вели Ангеловска.  

Костимографијата е на Александар Крнинова сценографија  на Валентин Светозарев, избор на музика на Ѕвездана, преводот е на Драги Михајловски. Настапуваат 13 актери а  Кралот Лир го игра  Јордан Витанов

Ова е актерска претстава, бара актерски силен ангажман, каде доминираат   емоционални состојби, не бара  техничко технолошки помагала, сведено е не минамализам , наместо мечеви од тоа време, ќе има  дрвени палки својствени на денешното време . Кралот Лир  Не е  толку сложено, неразбирливо напишан, туку неподносливо лесна за следење. Текстот е бајковит,  освен крајот кој е трагичен  - додава Звездана.

Премиерата е предвидена околу Нова година, пред и или по неа. Шекспир се игра по втор пат во велешкиот театар, по пауза од повеќе од половина век. Претходно единство во 1961-та е играна комедијата ,,Скротена бес,,.

Светската класика т.н. железен челичен театар, последните четири години  е присутен барем со  една во трите премиери и  е наш репертоар. Пред две години со Ѕвездана имавме одлична соработка со праизведбата на Онегин со неа и сметавме дека соработката треба да продолжи. Првичната идеја беше таа пак да гостува и  што да биде вистинскиот избор. По консултации, идеи и провокации за репертоарот, заедно се одлучивме за Кралот Лир на Шекспир – изјави Васил Зафирчев уметнички директор на велешкиот театар.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »