речник контакт

Се почнува со алкохол се завршува со дрога

Превенција за зависности е најефикасен лек во борбата со зависностите од пушење, алкохол и дрога. Тинејџерите се најризичнита група

Петар Печков

 Тинејџерите, осмо  и деветто одделение, прва и втора година средно , се  најризичните г рупи,  кои лесно можат да подлегнат на зависностите. Било да се пушењето, алкохолот, дрогата.  Токму со оваа популација е најпотребно да се работи за да се спречи ширењето на болестите од  зависностите, објаснуваат упатените во оваа  проблематика. 

 Вршиме врсничка едукација со учениците од сите  училишта во  градот. Цел е да се изврши  превенција од  зависности кај младата популација. Таа е  најевтин, најбезбеден и најефикасен начин да се  спречи појавата на зависност од алкохоли, дрога, пушење - изјави Марија Настова од ОО на Црвен крст Велес. 

Податоците  на светско ниво  на зависност од цигари  покажуваат бројка од 1,3 милијарди, 600- 800 милиони зависност од алкохоли и 300-400 милиони зависници од дрога. Во градот нема податоци колку зависници од пушење и  алкохол има, но се знае дека се  евидентирани  200-220 корисници од дрога. 

 Зависниците обично започнуваат со алкохол, преминуваат на марихуана па потоа на потешки дроги.  Во Велес   користат хероин, метадон и марихуана, започнуваат на 14 годишна возраст. Социјалниот  статус по извршените  анализи, статистички е од семејства со  проблеми дома, се работи за проблематични семејства,  со развод, недостиг на еден од родителите, присуство на зависник  на алкохол во семејството. Полово 80 отсто машки  20 отсто се  женски , кај нив постои и    дискриминација, оти се од женски пол - изјави д-р Мартин Хаџи Наумов.   

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »