Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јуни 2016
Локалната власт објави оглас со кој се нудат на продажба градежни парцели од неизградено земјиште. Станува збор за куќи во викенд населбата на патот кон езерото и село Новачани како и хотелски комплекси покрај езерото Младост. Продажбата ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.
Со огласот понудени за продажба се 25 парцели за индивидуални домови со почетна цена од 283 ден. за м2 и катност од П+1. Површините на парцелите се движат од 586 до 1.59 м2 со тоа што само дел од нив се површини за градење. Тие ќе се продаваат на 7-ми и 8-ми јули. Во претходните продажби веќе се отуѓени 17 плаца.
На продажба се понудени и два плаца со намена за градба на хотелски комплекси. И нивната цена е 283 ден за квадрат, со површина од 3,8 илјади и 10,6 илјади м2. Катноста за првиот објект е П+2 а вториот П+3. Нивната продажба е закажана за 21 јули.
На двата огласи можат да се јават и физички и правни лица, граѓани на Македонија но и странци.
Tweet |