речник контакт

Се продаде градежна парцела кај Касарна, ја купи Пододекор за нивна трета зграда

Интерес за купување на парцела наменета за изградба на хотел кај езеро Младост немало

Петар Печков

При неодамнешното  отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија а  по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес, се продаде уште една парцела намената за станбена зграда. истата е лоцирана во близина на касарната Алексо Демниевски Бауман. 

Од локалната власт информираа дека е продадена по цена од  1.656 денари по метар квадратен, наспроти почетната 1.380 денари по квадрат.  Вкупната површина на парцелата е  3.189 м2 а површината за градење е   838 м2, со тоа што максималната височина на зградата може да биде 21 м. Парцелата ја купила фирмата Пододекор, која веќе таму изгради две згради за станување.

На истото наддавање   парцелата  од еден хектар  кај езеро Младост, со намена Б5-хотелски комплекси не се отуѓила, оти немало заинтересиран купувач, информираа од локалната власт. 

АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »