речник контакт

Се продадоа плацеви за зграда, хотел и два индустриски

Велешки угостител купи плац на езеро, за да гради хотел

Петар Печков

На петочната продажба  по електронски пат на градежни парцели  во општина Велес, продадени се четири парцели на три различни локации.

Велешки угостител купи плац на езеро Младост, каде треба да изгради хотел, на три ката.  За 4,5 илајди м2 тој понудил по 313 денари од квадрат. Претходно, пред четири месеци,   во соседството  на овој плац, на езерото се продадоа три плаца за мотели. 

 Во касарната се продаде и вториот плац за изградба на станбена зграда. Продадена е парцела од 6 илјади м2 по цена од 1,500 денари за квадрат. Таа ќе биде на шест ката. 

Во индустриската зона „Речани“ се отуѓени две локации за подигање на објекти за сервисни дејности и  за лесна и незагадувачка индустрија со површина од 3.028 и од 1.584 метри квадратни. Нивната цена достигна 191, односно 151 денари за метар квадратен.

 80 отсто од понудените средства се изворен приход на општина Велес, а 20 отсто се за Буџетот на Република Македонија. 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »