речник контакт

Се степале во казино, други на спортски натпревар, управувал автомобил без положен возачки испит, возел во пијана состојба

Од полицискиот билтен на велешката полиција за викендов

Петар Печков

На 07.06.2026 во 18:35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.Ќ.(43 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „АСНОМ“ во Велес, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.06.2026 во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги привеле Џ.А.(46 год) и Б.Ј.(24 год), двајцата од Велес, затоа што во казино во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Џ.А. му биле измерени 1,54 промили, а на Б.Ј. 1,47 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 06.06.2026 во 23:00 часот во Градски парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.У.(32 год), А.У.(19 год), Т.У.(27 год), тројцата од село Горно Јаболчиште, општина Чашка и С.Л.(21 год) и двајца малолетници на возраст од по 17 години, тројцата од село Бузалково, велешко, затоа што за време на одржување спортска манифестација меѓу нив настанала физичка пресметка. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 07.06.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Б.(23год) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка. При сообраќајна контрола на место викано крстосница село Сливник, велешко, било сопрено патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Б. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »