речник контакт

Се уништува мозаикот на Петар Мазев во велешката Спомен костурница

Започнаа да ронат камчињата од мозаикот на Петар Мазев вграден во Спомен Костурницата во Велес.

Петар Печков

Започнаа да ронат камчињата од мозаикот на Петар Мазев вграден во Спомен Костурницата во Велес. Водата која се појавува на ѕидовите го наруши релјефот, па сега опстанокот на прекрасното дело е доведено во прашање. Иако покривот на објектот беше саниран во 2003-тата година, поправките не издржаа долго, па последиците од влагата се почувствува врз монументалното дело на Мазев, распослано на 220 метри квадратни, што се смета за најголем мозаичен комплекс во Македонија.

- Лесно може да се случи огромниот тригодишен труд на Мазев да биде непоправливо уништен поради водата која прокиснува преку покривот. Ние за ова ги известивме надлежните во Републичкиот завод за заштита на споменици - вели Марин Клифов раководител на Спомен костурницата, од Народниот музеј во чија надлежност е објектот. Дождливата пролет и лето годинава, придонесоа проблемот да се види со голо око. Водата се слева од јужната страна на покривот во внатрешниот дел каде се забележливи флеки од вода на таванот. Покривот прокиснува во дел и од северната страна каде водата го нагризува вредниот мозаик. Постои опасност доколку покривот не се санира набргу, сериозно да се оштети мозаикот и другите делови од Спомен костурницата. На надворешниот дел од објектот со голо око се забележува дека таму каде што е извршена поправката, слојот е веќе излупен, додека првично поставениот заштетен слој од 1979 година сеуште е одлично сочуван.

- Покривната конструкција на Спомен костурницата од НОВ е санирана во 2003-та година поради прокиснување на вода  при што тој е покриен со бетон. Инвеститор со околу 100.000 евра  беше Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а изведувач  Градежниот институт од Скопје. Но нецела година по тоа, Спомен костурницата  повторно прокисна, иако гаранцијата на изведувачките работи беше две години,  изведувачот не дојде да интервенира – вели Клифов. Сегашната состојба е лоша, но колку што времето одминува, толку потешко ќе може да се поправи делото на Мазев. Мозаикот претставува една композиција од 5 слики преку кои авторот ја прикажува историјата на македонскиот народ почнувајки од турскиот период па се до завршувањето на НОБ 1945 година. Преку петте слики прикажани се македонската епопеја од туrското ропство, преку Илинденското востание, Балканските војни па се до НОБ. Во специјален простор се чуваат и посмртните останки на 100-ната паднатите борци од НОБ, меѓу нив и на поетот и револуционер Кочо Рацин. 

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »