речник контакт

Се уредуваат планинарските патеки во Велешко

Вардарскиот плански регион заедно со три планинарски друштва од регионот обележуваат седум патеки во должина од 120 километри

Петар Печков

Започна уредувањето на планинските патеки во Повардарието. Вардарскиот плански регион заедно со три планинарски друштва од регионот обележуваат  седум патеки во  должина од 120 километри на неколку планини во  централниот дел на Македонија, велешко, Азот,  демиркаписко, кавадаречко и неготинско.   Со нив ќе се овозможи непречено одење на планинарите и гостите,  во  времетраење од 50 часови.   

Основна цел е создавање на услови за искористување на природното богатство на регионот, за рекреативно - туристичка, научно - истражувачка,студиско- воспитна и еколошка смисла.  На овој начин очекуваме дека ќе се  зголеми на бројот на посетители за 15 отсто  во наредните три години – вели Александар Бузалков директор на Вардарскиот плански регион.

Проектот  се реализира со партнерство и  помош  на планинарските  друштва:  ЗПД Гемиџии Велес, ЗПСК Cолунска Глава Велес и АСКК Стенае Неготино. Предвидено е да се изработи и водич со мапи каде ќе бидат вцртани   патеките за планинарење. Вредноста на проектот е 310 илјади денари средства од  Министерството за локална самоуправа  и Бирото за  регионален развој а тој треба да се реализира до крајот на месец  август.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »