речник контакт

Сигурносните рампи од железничката пруга не работат

Сигурносните рампи на патните премини од железничката пруга Велес – Гевгелија два дена не работа. Поради ова возовите минат преку необезбедените премини а граѓаните стравуваат за нивната безбедност. Трите премини се на најфрекфентните улици во градот, на кој има многу минувачи. Надлежните од МЖ објаснуваат дека причина за вавката состојба се жештините и поради нив не е сигурно ни кога ќе се отстрани дефектот.

Петар Печков

Поради високите температури одредени сигурносни  електронски елементи прегореа. Од истите причини нашите екипи не се во можност да ги променат, и очекуваме ноќеска или утре вечер кога ќе се создадат услови, да се изврши неопходната поправка. – изјавија од ЈП Македонски Железници. Тие велат дека опасност по минувачите нема, бидејќи возовите низ Велес возат со најмала можна брзина, пред  пристигнувањето на премините со звукот на сирената информираат дека доаѓа композиција а дел од возниот персонал го обезбедува просторот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »