речник контакт

Силвана Мудроња е Вешта жена за 2014 година

Таа победи меѓу четирите натпреварувачки. Сите како награда добиваат патување и викенд во јуни на Крк Хрватска

Петар Печков

По 19-ти пат во Велес се одржа манифестацијата Вешта жена. Годинава победничка е Силвана Мудроња која учествува по трет пат. Таа ја доби оваа награда по гласањето на присутната публика во салата  и жирито.

Масата со која победи Мудроња беше именувана Магија   а како главно јадење беше подготвено роловано пилешко комбинирано со мелено месо а за десерт магична торта со чоколадо, лешници и ореви.  На манифестација учествуваа  по прв пат  Весна Андова со масата Св. Валентин, Весна Кирова со маса Розова симфонија и по втор пат Цвета Чутрова со масата Кала (цвет).

Во конкуренција за Гран При имаше еден учесник тоа беше Борка Андова. Сите учеснички како награда добиваат викенд патување за хрватскиот остров Крк, кое ќе се случи во јуни годинава.  Манифестацијата Вешта жена се одржа во Розе салата.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »