речник контакт

Силјановска - никој на овој народ не може да му забрани да го смени Уставот и да си го врати името

Мицковски- Гордана Силјановска Давкова ќе ја врати правда, владеење на правото и вистинска правна држава

Петар Печков

Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова одржа во Велес изборен митинг.    Таа  го побара гласот од велешани, за да победила и да  блеснел денот на слободата и побара масовност на денот на гласањето, за да нема место за манипулации.  

Целата власт ја грабнаа, само претседателската не е, но целосно ја игнорираат, ја суспендираат, ја узурпираат. Во Преспанскиот договор нема ниту збор за пресудата во Хаг, ниту за привремената спогодба.  Ниту една конвенција за човековите права не е почитувана. Во преговорите за ЕУ  на маса се барањата за критериумите и прашањето дали сме ние стандардна, нормална европска држава.  Да имавме  држава со реформски, европски лик, сите ќе не почитуваа. Затоа е потребна победа на изборите. Нема подобар набљудувач од народот, кој како река ќе дотече на изборите. Тоа е најголемата  гаранција дека нема да полнат кутии, дека нема да организираат фантастично брзо гласање, дека нема по гласањето да гласаат -порача од митингот во Велес,  Гордана Силјановска Давкова.  

Таа  забележа дека како што тргнало во земјава, ако ја изберат за претседател на државата, ќе морала сама да ја пее химната, оти во последно време на официјалните настани или ја немало химната или само се свирела, не се пеела.   

Никој на овој народ не може да му забрани да го смени Уставот и да си го врати името, тоа право го има секоја генерација. Се менуваат времињата. Ветувам дека во Собранието ќе се обраќам во Вашето име, дека ќе ги адресирам Вашите проблеми. Мојот легитимитет извира од Вашиот, Вас да ве застапувам пред пратениците и Владата.  Нема да се затворам на Водно, ќе организирам отворени директни средби со граѓаните.    Како жена ќе се опкружам со жени, не заради феминизмот, туку да ја надминам нерамноправноста која се уште постои во Македонија - додаде Силјановска Давкова.  

Пред присутните говореше и лидерот на опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.  

Народот на Заев не му даде мандат на изборите во 2016-та кој ги загуби, ниту на референдумот на 30-ти септември. Народот не му даде мандат да биде залегнат во тие фотелји и работи само за пусти пари.  Но доаѓа денот, кога Законите ќе важат за сите престапници, кои сториле криминал, и ве уверувам дека од прв до последен ќе одговараат.  Не можеме да одиме во Европа а да се откажуваме од нашето минато, од нашата историја и традиција.  Ние сме да одиме во Европа, но да бидеме почитувани. Што ќе ни се пријатели ако не не` почитуваат.   Во Европа требаат луѓе кои знаат да спроведат  структурни реформи, да направат богата држава и среќни држава.  Во Европа се оди со исправена кичма а не со  подвиткана. Слога и единство ни е потребно како никогаш досега. Не заради нас туку за Македонија и затоа е потребна голема победа на претседателските избори и обединување околу идниот претседател  а тоа  е професорката   Гордана Силјановска Давкова. Ајде да се обединиме околу најинспиративниот професор на Правниот факултет во Скопје. За неа го говорат студентите, со години наназад. Таа го пренесувала знаењето без да се штеди, несебично, мотивирана да создаде генерации правници кои ќе бидат потпора на државата. Таа е бескомпромисен борец и заштитник на Законите и Уставот.  Како правник и легалист има јасен план за реформи во судството и обвинителството.  Нас ни треба правда, владеење на правото и вистинска правна држава.  Тоа може да го направи само идниот претседател , Гордана Силјановска Давкова -  кажа Мицковски.  

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »