речник контакт

Сите апарати за мамење на испит

Со кои се средства се служат студентите за да го положат испитот

Петар Печков

Околу факултетите, студентските домови, автобуските постојки како и целиот Интернет преплавени се со огласи за изнајмување и продавање „бубачки“, микро камери и други „помагала“ за полагање испити.

Користењето на тие средства на испит е казниво и студентот затекнат со „бубачка“ се остранува од факултетот на одредено време, но тоа не ги спречува академците да ризикуваат.

„Изнајмувам бежични „бубачки“, воки - токи бубачки, камери кои се ставаат во копче и пенкало. Најнови модели! Успешноста на испитот е загарантирана“, еден е од огласите ставен на дрво во близина на Земјоделскиот факултет во Земун, но слични „понуди“ се залепени во речиси сите делови на градот.

На Инернет може да се најде оглас со следната содржина: „Бежична бубачка, студент бубачка, може во комбинација со камера во копче, модели со микрофон во крагна, блутут запетлување, со стапче запетлување, системи против попречување и блокатори на сигналот од германско производство“.

Таквиот модел целосно го собира во ушниот канал и анатомски е прилагоден на устнот канал, така што е целосно незабележителн од страна, во боја на кожата, се вади со пинцета, дава кристално чист звук, има насочен звук и не се слуша од страна. Доаѓа во комплет со специјален чувствителен микрофон кој се става под маица, наведува огласувачот.

Истиот продавач, кој врши испорака на територијата на цела поранешна СФРЈ, нуди и батерии за „бубачките“, микро камери во копче, пенкала со бежичен пренос на слики на далечина од 100 или 300 метри во реално време, гледање на одалечено место со можност за снимање, рекордер плеер со TFT екран за снимање испити. Во огласот е наведен и бројот на мобилниот телефон на продавачот.

Еден од факултетите кои меѓу првите набави „блоккатор на сигналот“ е Правниот факултет во Белград. Според зборовите на секретарот Миљко Ваљеревиќ, пред три години околу 30 студенти се откриени како до подобра оценка се обидуваат да дојдат со помошна недозволени средства, а денес тој број е многу помал.

„Блокаторот е мал уред и п очнува да пишти доколку „помагала“ се внесени во училиницата. Професорот пред почетокот на испитот ги предупредува студентите да ги исклучат мобилните телефони и дека е вклучен „блокаторот“, рече Ваљеревиќ во изјава за Танјуг и наведе дека уредот се користи како на испити така и на премен за упис.

„Бубачките“ се изнајмуваат за 30 евра, воки токи со „бубачка“ чини од 80 до 120 евра, а бубачка со телефон од 100 до 150 евра.

Најскапа е камерата со аудио-визуелен предавател сместен во очилата и чини околу 350 евра.

Препишување има и во средните училишта, но таму многу малку е застапена современата технологија освен мобилните телефони.  Децата се многу повеќе свртени кон „традиционалните ливчиња за препишување“

текстот е преземен од Танјуг- Белград

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »