речник контакт

Сите велешки јавори заштитени со закон (ретро)

Со одлука на Собранието на Општина Велес од 1989 година, службен гласник 5/89 во градот 8 дрвја јавори се прогласени за споменици на природата.

Петар Печков

Со одлука на Собранието на Општина Велес од 1989 година, службен гласник 5/89 во градот 8дрвја јавори се прогласени за споменици на природата.

Тоа се двата во црквата Св. Пантелејмон, двата на плоштад Сармаале, по еден кај Варналиите, кај Маалска чешма, кај Саатот и на Којник, како и тој во дворот на манастирот Св. Димитрија.

На нив согласно оваа одлука се забранува сечење и кастрење на дрвјата или гранките, се забранува лепење плакати, реклами или некролози, се забранува палење на оган во нивна близина.

Заштитени споменици на природата се и платаните, јаворите по текот на Бабуна од Пешти до вливот во Вардар, како и по текот на Тополка од Превалец до вливот во Вардар. Ова е напишано на хартија а сите ние ја знаеме каква е состојбата во стварноста.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »