речник контакт

Сите празници и неработни денови во 2019-та година

Шест викенди по три неработни дена и еден со дури четири

Петар Печков

2019 година македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од 2018, која имаше четири продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд е за Божиќ, бидејќи неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со големиот празник Велигден, кој како неработен ден е на 29 април, понеделник. Продолжен викенд од четири неработни  дена ќе има за  23- 26 мај. 23-ти е прв ден Рамазан Бајрам, неработниот ден за 24 Мај –  „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е во петок, така што граѓаните ќе имаат уште еден продолжен  проширен викенд.

Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е во петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е во недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември, понеделник.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е во недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.

За сите граѓани неработни денови, освен денешниот се и 1 Мај – Денот на трудот (среда), и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба кои се среде недела и нема да може да се поврзат.

          За сите граѓани на РМ

1 Јануари (вторник), Нова Година

7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (среда), Ден на Трудот

23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам

24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

          За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик

19 Јануари (сабота), Богојавление (Водици)

26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

         За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (недела), Велигден-Католички

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

         За граѓаните од муслиманска  вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

      За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 Јануари (недела), Свети Сава

       За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

         За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

       За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

       За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

       За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »