речник контакт

Склекови на Железен мост

Тоше Неделковски и неговите улични вежби од кој запира здив

Петар Печков

Младиот велешанец, дваесет годишниот Тоше Неделковски е пионер во новата  атракција  ,,Street Workout,, која ја зафаќа и Македонија.  Тој со неговите улични вежби, кој ги закачи на  видео каналот Ју тјуб и други социјални мрежи,  предизвика внимание, но и поделеност. Едни  го фалат други го критикуваат. Тоше  се охрабри, осемли и вежбаше згибови на надворешниот дел од Железен мост, на височина од 30-тина метри а под него течеше реката  Вардар и сето тоа без заштитна мрежа.   

Два пати работев згибови на железен мост над Вардар.  За разлика од првиот обид, сега имам десет килограми  плус. Воопшто не ми беше страшно, дури со погледот гледав и во водата, височко беше но не ме фати страв. Не размислував што ќе  се случи, ако се случи.  Бев подготвен на секаков ризик – објаснува Тоше Неделковски. Кога ова го виделе неговите родители тие биле лути, што го доведува во опасност неговиот живот.

Street Workout е улично вежбање, се состои од гимнастика и паркур, некоја мешавина, новина во светот. Кај нас не е така познато, но во другите земји е популарно и зема замав.   Младиот Неделковски  овој спорт го запознал гледајќи клипови. Тој како разбој и вратило ги користи детските забавни паркови, металните држачи за теписи и се што може да послужи за гимнастика на отворено.   Со улично вежбање се бави една година.  Тоа ги поврзало со четворица  други велешани со кој заедно спортуваат.

Најмногу вежбам пред зграда оти тука има детски парк и ми е најблиску а и погодно за работа.  Не одам во теретана, нема потреба.  Мојата работа и на моите другари предизвикува реакции кај велешани. Младите ме поддржуваат, постарите критикуваат. Но тоа е моја желба. Сакам кога адреналинот во мене се качува, сакам авантура, сакам предизвик, тоа ме исполнува. Следна желба ми е да работам склекови на висококатниците кои се градат во Скопје. Не знам дали ќе ми дозволат ама тоа е мојата следна цел. А и не знам дали има маж кој ќе се нафати да го работиме склекови на  таа височина  – додава Тоше, кој е студент на Факултетот за туризам во Велес.

 Еве го и видео клипот:

http://www.youtube.com/watch?v=WXxoIf-6P4U

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »