речник контакт

Скопски мангупи му зеле а не му платиле 71 клима на велешанец

За ова тие заработија кривична пријава за измама бидејќи го оштетиле сопственикот за 830 илјади денари

Петар Печков

 Тројца скопјани измамиле велешанец, му земале 71 клима уред а не ги платиле  и го оштетиле за 830 илјади денари. За ова З.З. ( 44 год)  М.М. ( 55 год) и И.С. ( 33 год) од велешката полиција добија кривични пријави за измама.

Според СВР Велес тројцата осомничени во текот на 2009-тата, претставувајќи се како вработени во фирмата ,,Верана лингва,, подигнале 71 клима уред со образложение дека добиле тендер да инсталираат вакви апарати во повеќе општини во Скопје и во Штип.

Но скопјаните ги подигнале климатизерите од фирмата ,,Квадро – М,, од Велес а до денес ниту ги платиле фактурите, ниту ги вратиле апаратите. По ова против нив е поднесена  кривична пријава за измама.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »