речник контакт

Скопјанец излетал од автопат, се здобил со тешки повреди

Сообраќајката се случила кај тунелот ,,Катланово,,. Сопатникот се здобил со телесни повреди

Петар Печков

Саботата вечер, на делнциата од автопатот  Велес - Скопеј се случила сообраќчајка. Брачните другари  повредени, едниот потешко другиот полесно. МВР информираше за настанот.  

На 03.02.2018 година околу 19,00 часот на делницата од автопатот Велес-Скопје, поточно на еден километар после тунелот “Катланово“ се случила сообраќајна незгода  во која А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, кое излегло надвор од коловозот и се превртело. Од незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила неговата сопруга М.Д.(37) - пишува во писмената информација на МВР.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Велес и полицијата  работи на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »